Синот на Ѓорѓе Балашевиќ ќе се жени!

249

Додека татко му Ѓоле Балашевиќ успешно се лекува со вградени четири стента, неговиот син Алекса Балашевиќ си ја планира својата иднина. Тој ја запроси својата девојка Николина во Израел. Алекса ќе се жени! По тој повод синот на Ѓоле неодамна изјавил:
– Шест месеци чекав благослов од Ерусалимската патријархија и во Назарет, во манастирот Николај маченик. Нè венча епископот Романос. Токму на Свети петок. Го чекав долго тој благослов, бев на пост и молев за едно вакво убаво случување. Свршувачката е направена и од тогаш го носам прстенот. Сега чекаме благослов за венчавка. Би сакал црквената венчавка да биде во Светата земја. На луѓето во денешно време ова можеби им е необично, бидејќи денеска има сè помалку венчавки во црква, раскажува Алекса Балашевиќ.

На самото запросување во Израел Алекса бил облечен во валканобела боја, додека Николина се облече во сино-бела комбинација со марама на глава.