Еден од најголемите таленти во македонската кошарка, Михаил Наумоски, наместо за нашиот национален тим доби покана во натамошниот дел од својата кариера да ги брани боите на Италија.

Инаку, Михаил, кој е син на легендарниот македонски репрезентативец и поранешен претседател на Македонската кошаркарска федерација (МКФ), Петар Наумоски, веќе си обезбеди клупски трансфер на Апенинскиот Полуостров, а Италијанците импресионирани од неговиот потенцијал веднаш му понудиле и пасош, за во иднина да ги брани боите на „азурите“.

Доказ за тоа е и фактот дека Наумоски се нашол на списокот на селекторот Грегор Фучка, за настап во подготовките за ЕП за играчи до 16 години, на кое учествува и македонската репрезентација.