Симптом на КОВИД кој често се јавува кај вакцинирани пациенти

989

Покрај вообичаените симптоми на Ковид, како што се замор, болки во грлото и главоболка, особено кај претходно вакцинирани пациенти, често се појавува уште еден.

Според податоците собрани од апликацијата ZOE Health Study, дијареата е чест симптом на Ковид-19 кај вакцинирани пациенти. Зголемување на бројот на луѓе кои го пријавиле овој симптом се случил во јануари 2022 година, првенствено кај оние кои претходно примиле две или три дози од вакцината, но сепак се заразиле со новиот вид.

Дијареата може да биде ран симптом на вирусот, кој започнува на првиот ден од инфекцијата и се влошува во текот на целата недела, пишува британски „Independent“.

„Обично трае два до три дена во просек, но кај возрасните може да трае и до седум дена“, наведува тимот на ZOE, но потсетува дека има и „бран други стомачни вируси кои не се Ковид“.

Податоците покажаа дека овој симптом станува помалку распространет со секоја варијанта, бидејќи речиси една третина од возрасните над 35 години пријавиле дека доживеале дијареа за време на алфа бранот, додека само еден од пет изјавил дека го почувствувале за време на брановите Омикрон и Делта.

Ако наидете на овој проблем по позитивен тест за корона, советот е да внимавате да останете хидрирани, да одморате многу и да јадете кога ќе почувствувате дека можете.