Иако важи за еден од најперспективните плејмекери во НБА-лигата, Бен Симонс, конечно ја постигна првата тројка во во кариерата во најквалитетното клупско кошаркарско натпреварување.

На оваа тројка се израдува цела арена, а уште поважно е тоа што неговиот тим Филаделфија славеше на домашен терен против Њујорк со 109:104. Високиот кошаркар по одиграни 172 натпревари, конечно погоди тројка.

Резултати: Филаделфија – Њујорк 109:104. Вашингтон – Сан Антонио 138:132, Атланта – Милвоки 127:135, Бруклин – Шарлот 101:91, Далас – Голден стејт 142:94, Мајами – Кливленд 124:100, Торонто – Орландо 113:97, Чикаго – Детроит 109:89, Минесота – Јута 95:103, Денвер – Хјустон 105:95, ЛА Клиперс – Бостон 107:94 (по прод.).