Земјотрес со јачина од шест степени според Рихтеровата скала го погоди брегот на префектурата Ибараки во Јапонија.

Епицентарот на земјотресот бил на 40 километри од брегот на Јапонија. Ројтерс додаде дека не постои опасност од цунами.

Земјотресот, кој ја погоди Јапонија во 5:33 часот по локално време, бил почувствуван и во Токио.

Според корисниците на Твитер, се се тресело добри 30 секунди. Луѓето во паника бегале од Олимпиското село.