СЕНЗАЦИЈА: Реал Мадрид елиминиран од нисколигаш (ВИДЕО)

170

Фудбалерите на Реал Мадрид се елиминирани во 1/16 финалето од Купот на кралот и тоа од третолигашот Алкојано.

Избраниците на Зинедин Зидан загубија со 2:1 и покрај тоа што водеа, а во последните 10 минути од продолжението на мечот имаа и играч повеќе на теренот.

Реал поведе со голот на Едер Милитао во 45-та минута. Сепак, Алкојано израмни во 80-та минута преку Солбес и обезбеди дополнителни 30 минути. Во 110 година, домаќинот остана со десет играчи по исклучувањето на Лопез. Реал нападна, се обиде од сите страни да дојде до предност, но домашниот тим успешно се бранење, а при една контра постигна гол Касанова, кој го однесе својот тим во осминафиналето во Купот на кралот.