Семејството Марковски од Гази Баба бара помош: Им се пеплоса домот/ФОТОГАЛЕРИЈА

182

Силен пожар избувна доцна синоќа во домовите на семејствата Марковски од населеното место Гоце Делчев во скопска Гази Баба. За среќа нема повредени од членовите на семејствата.

Пожарот за кратко време бил ставен под контрола и било спречено истиот да се прошири на останатите куќи кои се наоѓаат во околината, со оглед на тоа дека станува збор за густо населена средина.

Семејството Марковски кое остана без својот дом преку социјалните мрежи упати апел за помош со облека, храна, млеко, пелени и хигиенски средства.

„За жал јас и моето семејство останавме и без тоа малку што ни остана. Би сакал да Ве замолам во името на целото мое семејство за помош. Огнот ни одзема буквално се, со нас е само облеката што беше на нас, немаме ниту финансии за основни работи. Комшии мои доколку сте во можност да ни помогнете со облека, храна, млеко, пелени и хигиенски средства ќе ви бидам благодарен. Господ да Ве чува“, стои во објавата.