Сексапилната УФЦ-ѕвезда, Аријана Селесте, ужива во својот одмор во Мексико, од каде споделува провокативни фотографии во бикини. Меѓутоа, покрај тоа, Аријана е на мета и на папараците, кои го следат секој нејзин чекор.

Инаку, спортските фанови сигурно ја познаваат оваа девојка која често се појавува во октагонот и го покажува бројот на рундата.

Исто така ќе ја видиме и во текот на овој викенд кога ќе се појави на мега спектаклот помеѓу Конор Мекгрегор и Доналд Серон.