Пејачката Сека Алексиќ одлично се вклопува во ова рано есенско време. Далеку е од мега-сценските настапи поради коронавирусот, но затоа по дома е, каде што е вистинска домаќинка. Иако има куќна помошничка, Сека максимално ужива во домашните обврски сработени со нејзината рака.

Деновиве најмногу е зафатена со печење пиперки за ајвар. И ако во тоа и помага сопругот Вељко кој од пазарот и донесе полни десет вреќи црвени пиперки, за кои и потенцира дека се од Македонија што значи дека се и најквалитетни и најздрави, Сека сепак сама сака да ги лупи пиперките и потоа да си направи ајвар.

–По дома не сум естрадна ѕвезда, по дома сум само мајка, сопруга, домаќинка. Оваа работа додека ја подготвувам зимницата многу ме исполнува, сакам се сама да си направам, не сакам купено од маркети. Сигурно дека ме немате навикнато да ме гледате во влечки и тренерки, но така најдобро се чувствувам додека покрај ќумбе печам пиперки.

Вељко и синчето можат само да надгледуваат и ништо да не фаќаат, изјавила расположената Сека, која и самата се радува за ајварот кој сигурно со сласт ќе го јадат и синовите Јаков и Јован.  “Тука се пиперчињата, мезе, по некоја капка од ракиичка и тие“, напиша Сека и собра многу позитивни коментари!  Д.М. foto:FB