Според променетиот календар во Мото ГП-шампионатот, новата сезона ќе стартува со две последователни трки во Катар.Пандемијата носи рестрикции и проблеми во организацијата на трките, а и одложување на некои настани. Оваа година нема да гледаме трки во Аргентина и САД.

Сезоната започнува на 28 март во Катар, кој ќе биде домаќин и на трката наредната недела, на 4 април.

За првпат ќе има една резервна опција, а тоа ќе биде трката за Големата награда на Индонезија.