Северен ветер и студ, утринските температури во минус

98

Времето денеска наутро ќе биде студено, а преку денот претежно сончево со мала до умерена локална облачност.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 2, а максималната од 3 до 10 степени.

Во Скопје, претежно сончево со појава на мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер поизразен претпладне. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 5 степени.

Во четврток претпладне ќе биде претежно сончево со ниски утрински температури, кои насекаде ќе бидат под нулата. Потоа следува период на променливо облачно време со повремени врнежи, кои во сабота се очекува да бидат пообилни, велат од УХМР.