Себалос се сели во Лондон

114

Големиот талент од редовите на шпанскиот гигант Реал (М), Дани Себалос, треба во следните неколку дена да донесе конечна одлука кога е во прашање неговата клупска иднина.

Младинскиот репрезентативец на Шпанија веќе е информиран дека најдобро за него ќе биде новата клупска сезона да ја одработи како позајмен играч во некој друг клуб.

Иако доби многу понуди, играчот за врска е најблиску до преселба во англиската Премиер лига, но мора да донесе конечна одлука дали ќе игра како позајмен играч во дресот на Тотенхем или пак во тој на градскиот ривал Арсенал.