Се чистат улиците од отпад

137

Општина Чаир информира дека нивните служби за одржување на јавната чистота се на терен и ги чистат улиците од фрлениот отпад.

Општинските служби за одржување на јавната чистота денеска работеа на улиците „Никола Малешевски“, „Август Цезарец“, „Ѓорѓи Поп Христов“ и „Методија Митевски“, во населбата Топанско Поле, на улиците „Максут Садик“, „Славеј Планина“ и „376“, во населбата Топаана, на улиците „Азем Хајдари“ и „Прохор Пчињски“, во населбата Дуќанџик.

Од Општина Чаир апелираат граѓаните да не фрлаат отпад и грижата за чиста животна средина да почне да почне да се негува уште од најрана возраст, во семејството.