Се чистат сливниците и шахтите во Скопје

85

Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ соопшти дека е во тек чистење и проверка на функционалноста на сливниците и шахтите на територијата на град Скопје.

– Овие акции се спроведуваат за редовно одржување и непречено функционирање на атмосферската канализација – информира претпријатието.