Се стеснува коловозот на „Кирил и Методиј“ за нова вело патека

485

Јавното претпријатие „Улици и патишта“ деновиве изведуваат нова велосипедска патека на коловозот на улицата „Кирил и Методиј“ во центарот на градот, стеснувајќи го просторот за автомобилите.

Од Градот потенцираат дека со отстранувањето на рекламните објекти и одвојувањето на велосипедскиот и пешачкиот сообраќај, се создава #ПросторАнтиКорона и се поттикнува користењето на алтернативниот сообраќај во градот.