Се санира пешачката патека во УЗ „Владо Тасевски“

68

Силното невреме кое пред два дена го зафати главниот град на државава остави видливи траги и во општина Карпош.

Имено, како што соопштија од локалната самоуправа, интензивниот ветер и поројниот дожд предизвикале материјална штета на булеварот „Теодосиј Гологанов“, број 74 (во близина на супермаркетот „Веро“, во населбата

 Тафталиџе 2). Притоа, на оваа локација од падот на масивно дрво се оштетени два автомобила, а поголемо оштетување претрпе и пешачката патека.

-По дојава од локалните жители, тимот на јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ излезе на терен и го отстрани поголемиот дел од паднатото дрво, додека пак екипата за брзи интервенции за колско пешачки патеки која ја ангажираше Општина Карпош, реагираше соодветно и го отстрани коренот од дрвото кое значително ја оштети пешачката патека – информираат од локалната самоуправа и додаваат дека во моментов, екипата за брзи интервенции ја санира оштетената пешачка патека, при што таа ќе биде опремена со нова бекатонска подлога (плочки) и ќе биде вратена во првобитна состојба.