Извесна Лилија Коновалова (29) од Уралск во Казахстан роди близнаци со разлика од два и пол месеци, информира министерството за здравство на Казахстан, а пренесува РИА новости.

-Дваесет и девет годишната мајка роди две деца со разлика од два месеца. Ќерката е родена во 25 недела од бременоста, а два месеца и 16 дена подоцна се роди и синот, стои во соопштението на министерството објавено на Фејсбук.

Лекарите објаснуваат дека овој невообичаен случај се должи на ретката анатомска состојба на жената која имала двојна матка.

-Според статистиката, во вакви случаи шансите да се роди живо дете се 1 на 50 милиони. Но благодарение на професионалноста на лекарите мајката и бебињата се добро, стои во соопштението.

Девојчето, родено во 25 гестациска недела е родено со тежина од само 850 грама и должина од 42 сантиметра, а тежината на момчето е 2,9 килограми и е со должина од 50 сантиметри.