Се роди првото бебе патас годинава

489

Од Зоолошката градина во Скопје велат дека денешниот ден е навистина убав, бидејќи е ден- Honeyland на Оскари, а во Зоолошката се родило и првото бебе годинава.

Од таму информираат дека мајката патас и бебето се добри и дека се пресреќни за нив и за двете номинации за Оскар на Honeyland.

– Ако бебето е женско, ќе си го крстиме Атиџе- по добрата душа и главна протагонистка во филмот, која ја сака природата и се грижи за сите живи суштества-информираат од Зоолошката градина.

Освен тоа, од Скопската зоолошка се надеваат дека најстара зоолошка во светот Шонбрун во Виена, Австрија ќе им помогне да добијат поларна мечка и пеликани.

Директорот на Скопската зоолошката градина, Ѓорѓи Галетановски е во службена посета во зоолошката градина во Виена .