Се решава проблемот со водоснабдувањето на Раштак!

43

Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски денес беше во посета на населеното место Раштак каде што завршија градежните работи и направената бушотина е поврзана со бунарите од кои населеното место добива вода. Изведувач на градежните работи е ЈКП „Гази Баба 2007“.

Поставена е и потопна пумпа од докажано квалитетен европски производител и истата е спуштена на 60 метри. Завршија и градежните работи во кои се изгради нова водоводна линија од 350 метри.

– После скоро пет години повторно е ставена во функција пречистителната станица. Имајќи предвид дека е потребно да се обезбедат и нови капацитети на вода со ребалансот на Буџетот обезбедивме нови средства за изградба на нова бушотина и нови пумпи. Се интензивираат работите за решавање на водоснабдувањето на Раштак, а во следниот период ќе започнат градежните работи за подобрување на водоснабдувањето и на Брњарци – изјави Стефковски.