Се реконструира старата фасада на зграда на бул. „Илинден“

2046

Општина Центар ја започна реконструкцијата на старата и оштетена фасада на зградата број 81 на булеварот „Илинден“.

Како што информираат општинските власти, станбената зграда покрај енергетска ефикасност и 30 проценти пониски сметки ќе добие и нов лик со што ќе го збогати амбиентот на просторот.

За реконструкција на оваа фасада Општина Центар одвои 70% од вкупната инвестиција, додека 30% е инвестиција на станарите.

Општина Центар наскоро ќе објави нов повик за реконструкција на енергетски ефикасни фасада и ги повикува Заедниците на станари кои имаат потреба од обнова на фасадата на станбениот објект да аплицираат.