Дома МАКЕДОНИЈА Се реконструира градскиот парк во Кавадарци/ФОТО

Се реконструира градскиот парк во Кавадарци/ФОТО

57

Деновиве активно се работи на реконструцијата на градскиот парк Љупчо Шкартов“, соопшти првиот човек на Општина Кавадарци, Митко Јанчев.

Извршено е поставување на системот за наводнување, посадени се различни видови на садници, цветни грмушки и цвеќиња, а во горниот дел на паркот изградено е одмаралиште со поглед кон самиот град, соопшти Јанчев.

Претходно, од локалната самоуправа информираа дека реконструкцијата ја врши ДПТУ Градба промет ДОО, со средства одвоени од буџетот на Општината Кавадарци. Посочуваат дека, како и досега, продолжуваат со низа еколошки активности, за почиста и поздрава животна средина.