Се работи на нов зелен сквер пред Веро во Тафталиџе

133

Град Скопје работи на нов зелен сквер пред Веро во Тафталиџе. Оваа локација во Карпош е избрана од граѓаните како една од седумте локации во Скопје идентификувани во рамките на Иницијативата на Скопје Лаб и УНДП што започна во 2018 година.

Градските власти велат дека со нови 50 висококвалитетни дрвја, нова урбана опрема (клупи и корпи за отпадоци) и ново осветлување, како и реквизити и опрема за забава и анимирање на најмладите, наменети и за децата со посебни потреби, овој простор ќе биде ново место за одмор, релаксација и дружење на граѓаните во оваа скопска населба