Трагични вести пристигнаа од Бразил кои го потресоа целиот свет.

Фудбалскиот клуб Палмас, кој е член на четвртата бразилска лига, утрово објави дека четворица играчи и претседателот на клубот загинаа во страшна авионска несреќа.

При самото полетување за да одат на гостувањето кај Вила Нова, авионот се срушил и за жал, никој не преживеа.

Полицијата и брзата помош брзо пристигнале на местото на настанот, но не успеале да спасат никого.