Се појави нов документ: Три американски решенија за спорот меѓу Белград и Приштина

187

Во Вашингтон се појави нов документ за решавање на прашањето за односите меѓу Србија и Косово, зад кои стои човек на бившиот претседател на САД, Барак Обама, пишува Блиц.рс.

Според тој документ има три можности за договор меѓу Белград и Приштина, но се истакнува дека ниту една „не е идеална“.

Првата е употреба на „стимулации“ за Србија – поддршка на донатори и забрзано членство во ЕУ во размена за признавање на Косово, другата е на Србија да и се одобри формирање на нов автономен округ за косовските Срби, но и за српските Албанци, а третата е враќање на пристапот на размена на територии која беше сржта на нацртот од договорот во 2018 година. Тоа се заклучоците од анализата „Рестартирање на дијалогот меѓу Косово и Србија“, зад кој стои влијателниот тинк-тенк Меѓународна кризна група. Претседател на оваа организација е Роберт Малеј, човек од администрацијата на американските демократи и советник во Белата куќа за време на претседателскиот мандат на Барак Обама.

Во анализата меѓу другото, се истакнува дека решавањето на спорот би било „корисно за стабилност во Западен Балкан и во Европа“, но и укажува дека сите страни треба да бараат начин да се дојде до договор со взаемно признавање, а дека државите на ЕУ треба да дадат знак дека ќе поддржат било каков договор.

„Белград и Приштина треба јавно да ја признаат потребата од компромис“, се напоменува во анализата.

Во неа се наведува и дека Приштина и Белград разговараат, повторно и повторно, како да ги нормализираат односите и дека се сложни околу многу точки, но не околку најзначајната која ги дели: независноста на Косово.