Се поставуваат монтажни трибини на игралиштата за кошарка и фудбал

1058

На игралиштата за кошарка и фудбал во рамки на спортско-рекреативниот центар во Карпош 3 се поставуваат монтажни трибини.

Како што информираат од Општина Карпош, се работи и на отворената фитнес зона, откако веќе е завршено детското игралиште и се засадени нови дрвја.

-Оваа зона добива нов лик, а ќе биде погодна и за организација на турнири на отворено и летни кампови за млади-посочуваат општинските власти.