Се пополнуваат ударните дупки во Маџир маало

101

Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ на својата фејсбук-страница информираше дека на нивната територија се одвиваат активност за пополнување на ударните дупки на улиците во Маџир маало.

– По санирањето на дупките во оваа населба акцијата ќе ја продолжиме низ Дебар Маало, Буњаковец, Ново Маало, Кале и населбата Водно, потенцираше Богдановиќ.