Се подига нов парк во Железара на површина од пет илјади квадрати

193

На површина од 4.960 квадратни метри општина Гази Баба гради нов парк во населбата Железара.

– Си поставивме за цел оваа година да уредиме 15.000 квадрати зеленило во Општина Гази Баба и веќе работиме за реализација на оваа цел. Еден од тие планови е паркот во Железара кој добива нова урбана опрема, засадуваме нов тревник и за првпат во општината поставуваме систем за автоматско наводнување на зеленилото. Старите и исушени дрва ги заменуваме со нови дрвореди, а паркот ќе го разубавуваат и сезонски цветни садници – информира градоначалникот Борис Георгиевски.

Тој потенцира дека во делот на животната средина мора да се направи повеќе за да може општина Гази Баба стигне чекорот со другите урбани и зелени општини во градот Скопје.

– Населените места во нашата општина немаа чиста вода за пиење и ќе беше не фер спрема нив паркови да имаат систем за наводнување, а тие да се без вода. Денес кога во тие населени места интензивно се градат водоводни мрежи, слободно можеме да се посветиме и на овие проекти – нагласи Георгиевски.

(С.Бл.)