Најголемата фудбалска икона на Македонија, Горан Пандев, изминатите неколку дена е во Банско, каде што ги следи пријателските натпревари на својот тим Академија Пандев.

  • Целта оваа година е да се бориме за Европа, а за тоа ни е потребно едно од првите три места. Нема да биде лесно, но имаме добар тренер и млади играчи. Се надевам дека ќе излезе нов Горан Пандев од тимот на Академија Пандев, беа првите зборови на фудбалерот на Џенова во интервју за „Спортал.бг“.

Тој исто така имаше и средба со еден од најдобрите фудбалери на Бугарија, Валери Божинов, со кого имаше неколку дуели во минатото во силната Серија А.

  • Мило ми е што го гледам. Многу години игравме во Италија. Навистина е голем играч, голем човек и како што кажав среќен сум што го гледам. Се изненадив кога го видов. Тој е за мене како брат, кажа Пандев.

Ниту бугарскиот голгетер не штедеше зборови за Горан Пандев.

  • Пандев е легенда, чест и задоволство е што е во Бугарија. На свои години прави чуда и за фудбалот и за државата Македонија. Тоа е легенда за мене, јас кога чув дека е тука, не можев да не дојдам и да не го поздравам. Пандев е човек пример од кој може да се учи. И јас и моите фудбалери. Со држава како Македонија направи нешто што никој не направил, се пласира на ЕП. Капата долу за Пандев. Посакувам уште многу да ја радува Македонија и фановите на Џенова. Треба да си карактер за да играш толку години на такво високо темпо. Ние Бугарите мора да земеме пример и да гледаме од овој човек и од државата Македонија. Мала држава, но со големи луѓе, додаде Божинов.