Се запали автомобил во движење кај Стара Рампа/ВИДЕО

1405
Фото: скриншот видео 24инфо.мк

Автомобил во движење се запали денеска на булеваот 11 Октомври кај Стара Рампа, објави 24инфо.мк.

Пожарот првично го гаснеа вработени во ЈП Водовод, чија цистерна поминуваше по булеварот. Со ПП апарати гаснеа и очевидци, но огнот беше изгаснат по интервенција на противпожарната екипа.

За среќа, нема повредени.