Се зазеленува новиот парк во УЗ „11 Октомври-бараки“

842

Градот Скопје и јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ во соработка со Општина Кисела Вода спроведува голема акција за зазаленување на новиот парк во урбаната заедница „11 Октомври – бараки“, лоциран до железничките пруги и трим патеката.

Како што информираат од Општината, во следните неколку дена, на површина од 16.000 квадратни мтери ќе бидат засадени околу 500 садници.

Паркот ќе биде збогатен со грмушки и два вида на дрвја, костени и сорбуси. Дрвјата кои се садат се со висина од два до четири метри.

Нa средината на овој месец, Ротаракт клуб – Скопје заедно со Општината Кисела Вода, на празната површина до паркот во УЗ „11 Октомври – бараки“ засади 100 шестгодишни дрвја.