Се заградува со метална ограда фудбалскиот стадион во Велес

99

На фудбалскиот стадион во Велес деновиве интензивно се изведуваат работите околу заградувањето со метална ограда. Како што појасни градоначалникот на Велес Аце Коцевски, заградувањето на стадионот е со цел да се спречи влегување на непожелни лица на стадионот.

Претходно Општина Велес изведе неопходни градежни активности за подобрување на условите за спортување, како и за изведување на натпреварите во првата фудбалска лига на ФК „Борец“, кој од оваа сезона по 18 години се врати во највисоката фудбалска лига во земјава.

Градежните зафати вклучија бетонирање на три платоа, отстранување на ризла зад стативите и поставување на земја за хортикултурно уредување околу теренот.

Во Градскиот парк се изведе бушотина за вода од која интензивно ќе се полева тревата пред натпреварите.