Се вратија жештините, се вратија и проблемите со потењето! А, како ни се случува тоа?

166

Ќе речете, лето е, потењето е нешто од кое не може да се избега, ама не секому му создава еднакви непријатности. Зошто, впрочем, толку се потиме?

Потењето е физиолошки процес со кој организмот се лади и ја регулира телесната тежина, односно го ослободува вишокот топлина. Потните жлезди создаваат и лачат пот, супстанца составена од вода, натриум-хлорид, електролит и други материи. Кога ќе стаса на површината на кожата, потта постепено испарува и на тој начин го лади телото.

Човечкиот организам во просек излачува 700 мл пот дневно, иако тоа количество зависи од повеќе фактори како што се надворешната температура, физичките активности, начинот на облекување, староста, здравствената состојба на организмот и други фактори.

На тој начин, во екстремни случаи организмот на човекот може да излачи и повеќе од два литри пот во текот на само еден час.

Се разликуваат два основни потни жлезди: екрини и апокрини (потни) жлезди.
Во човечкиот организмот има 2-5 милиони екрини жледи, кои се најбројни на стапалата и дланките.


Апокрини има помалку, а најгусто се распоредени во пределот на пазувите, околу чмарот и полните органи, околу брадавиците на градите и сл. Овие жлезди лачат пот која содржи протеини и јаглени хидрати.


Како резултат на бактериско разградување на овие материи и ослободувањето на различни метаболити се јавува непријатен мирис… Ете зошто понекогаш им самите на себе или на другите им мирисаме непријатно!

Да замислиме дека нашето тело е една секогаш вклучена печка. Храната што ја внесуваме во организмот би била гориво кое согорува во телото. Во текот на тој процес, телото троши 2.500 калории.

Ова количество топлина е доволно 28.5 л вода да се загрејат до точка на вриење. Што се случува со толкава топлина во нашето тело? Кога не би постоела контрола на температурата, ние сигурно би биле „врели“. Ама, знаеме дека температурата на човекот не се повишува повеќe од 37 степени Целзиусови, освен при болест.

Потењето е еден од начините на кои организмот обезбедува одржување на нормална телесна температура. Телото на тоа реагира со лачење на пот и така се лади и постигнува нормална температура од најмногу 37 степени Целзиусови.

Ако температурата на телото се зголеми, центарот за ладење почнува да работи. Процесот на оксидација или согорување на материите забавува и се случува уште нешто многу важно – крвните садови во кожата се шират, а вишокот топлина излегува со испарувањето на потта.

Затоа, на пример, чувствуваме студ по капење, бидејќи водата останува на кожата не може така лесно да испари. Поради тоа се ладиме со ладало за да го „растргнеме“ влажниот воздух и да можеме полесно да заспиеме.