Се вратив само поради Мурињо

52

Само што го облече дресот на Тотенхем, велшкиот интернационалец Герет Бејл изјави дека се вратил во редовите на лондонскиот премиерлигаш поради контроверзниот португалски стручњак, Жозе Мурињо.

  • Тој ми зборува за неколку позиции на кои би сакал да играм. Јас бев задоволен од она што го слушнав. Мурињо е најголемата причина што се вратив. Неговото име е добро познато и тој е победник. Совршен човек за Тотенхем. Ни треба тоа да освојуваме трофеи, и тој најдобро знае како да го постигне тоа, изјави Бејл кој актуелната сезона ќе ја одработи како позајмен играч од редовите на актуелниот шампион на Шпанија, тимот на Реал (М).

Капитенот на фудбалската репрезентација на Велс додадедека со нетрпение очекува да го формира напаѓачко трио со Хари Кејн и Хјун-Мин Сон.

  • Играњето со нив е возбудлива перспектива за сите. Ако одиме во иста насока заедно, сезоната може да биде многу возбудлива, додаде крилниот напаѓач кој во 2013 година си замина од редовите на Тотенхем откако беше купен од „кралскиот клуб“ за рекордни 101 мил. евра.

Поради повреда Бејл нема да биде во комбинација за следните неколку првенствени натпревари како и за натпреварот од 3. квалификациско коло во Лига Европа против македонскиот преставник Шкендија. Дуелот помеѓу Шкендија и популарните „петли“ треба да се одигра на 24. септември на националната арена „Тодор Проески“.