Се бара купец за Весино

45

Раководните лица на италијанскиот калчо гигант Интер сакаат за време на летниот преоден рок да стават крај на соработката со уругвајскиот интернационалец Матијас Весино. Искусниот играч за врска повеќе нема статус на стандарден првотимец и затоа ќе мора да биде продаден на крајот од актуелната сезона. Од неговата продажба челниците на Интер очекуваат заработка не помала од 30 мил. евра, а најголем интерес за неговите услуги покажува англискиот премиерлигаш Евертон.