Се бара дизајни за постер и беџ за промотивната кампања „Промената започнува со тебе“

453

Центарот за иновации на Град Скопје- Скопје лаб објави конкурс за дизајн на постер и беџ кои ќе ги користи Градот Скопје во промотивната кампања за енергетска ефикасност насловена „Промената започнува со тебе”.

Крајниот рок за поднесување на апликациите е 26 август 2020 до 18:00 часот преку пополнување на оваа форма: https://bit.ly/3ft8REY и ќе може да учествуваат сите заинтересирани без разлика на возраст, професија и занимање.

Како што информираат од „Скопје лаб“, целта е преку овој конкурс да се овозможи идентификација, промоција и вклучување на креативниот дизајнерски потенцијал со цел истиот да даде свој директен придонес во креирањето на оригинални дизајни кои поттикнуваат акција за позитивни промени во областа на енергетската ефикасност.

Најкретивните дизајни ќе бидат наградени со: за изработување на беџ, првата награда е 80 USD, втората награда е 50 USD, додека за постер, првата награда е 140 USD, додека втората награда е120 USD. Резултатите ќе бидат објавени на официјалната веб-страница и на профилите на социјалните мрежи на Град Скопје и Скопје Лаб.

Од наградените и пристигнатите трудови ќе се организира онлајн изложба за презентација пред пошироката јавност.