Светска банка: Заштитата од пожари во модуларната болница во Тетово е надлежност на директорот

64

Заштитата од пожари во модуларната болница во Тетово е надлежност на директорот и персоналот изјавија за Дојче веле од Светска банка, по трагедијата што се слчучи во Тетово во која загинаа 14 лица .

Од меѓународната кредитна институција појаснуваат дека модуларната болница во тетово била градена според меѓународните и домашните стандарди.

Планот за заштита од пожари требало да го изработи и спроведе болничкиот персонал под раководство на директорот на болницата во тетово, велат од светска банка. Инаку тендерот за изградба на модуларните болници ширум земјата во октомври 2020 година беше спроведен согласно домашната регулатива и правилата на Светска банка, од каде македонската влада зеде заем од 3,8 милиони евра.