Не, не и не, не ги исмејувам жртвите на вирусот. Па, како би ги исмејувала тие несреќни луѓе кога и јас лично го прележав вирусот… Сакам со песната да ја тргнеме барем на неколку минути негативната енергија!

Македонската пејачка Сања Цинцева (често провокативна) не би била таа, доколку пак не би ја здрмала македонската естрада, а со тоа и да им возврати на сите оние кои редовно плукаат на песните кои се разликуваат од таканаречените “обични“ со кои публиката најчесто се досадува. Кај Сања никогаш немало место да е здодевно. Оваа сексапилна пејачка од пред некој ден има нов потенцијален хит кој е насловен како “Ковид и секс“, а интересното видео е во режија на Дарио Јанковиќ.                           Таа деновиве максимално разбранува и јасно порачува: – Само не ми е јасно како ги поддржувате естрадните уметници од регионот со овој жанр на музика, а нас домашните не плукате, вреѓате и понижувате. Од мене простено ви е!

Сања додава дека затоа на таквите хејтери толку им е капацитетот да проценат да вреднуваат.
– А, ако не ви се допаѓа не слушајте и не гледајте. Сите ние имаме различни вкусови. Покрај многуте хејтерски коментари, добив дупло повеќе поддржувачки и охрабрувачки коментари. Да бидам искрена ви благодарам и на едните и на другите.
Сања е единствено лута на оние кои коментираат дека со оваа песна ги исмејувала жртвите од опасниот вирус.

– Не, не и не, гласно и јасно потенцира Цинцева.
-Па, како би ги исмејувала тие несреќни луѓе кога и јас лично го прележав вирусот. Темата на песната е таква сè со цел малку позитива да дадеме на сè околу ковид-вирусот. Да ја тргнеме барем на неколку минути негативната енергија!
Сигурна сум дека на моите настапи често ќе ја барате да ја пеам оваа хитовска “Ковид и секс“.  Дуле Миќиќ / фото:ФБ