Саудиската феминистичка активистка Луџаин ал-Хатлул ја доби наградата „Вацлав Хавел“

28

Наградата Вацлав Хавел на Советот на Европа за 2020 година и е доделена на саудиската феминистичка активистка Луџаин ал-Хатлул, која подолго време е затворена во нејзината земја, соопшти денеска европската институција

Триесет и едногодишната Луџаин ал-Хатлул беше претставена како еден од лидерите на феминистичкото движење во Саудиска Арабија.

– Таа се избори за крај на системот на машко туторство, против забраната за жени да возат како и за подобра заштита на жените жртви на злоупотреба во Саудиска Арабија, соопшти Советот на Европа.

Таа помина 1.001 ден во затвор поради своите ставови и беше ослободена дури во февруари 2020 година, но сè уште е во домашен притвор и подлежи на други ограничувања во нејзината земја, додаде Советот на Европа

Нејзината сестра Лина ал Хатлул, која денеска во нејзино име ја прими наградата, преку видео врска рече дека меѓународната поддршка е единствениот начин да се обелоденат неправдите во Саудиска Арабија и да се заштитат жртвите.

Извор:МИА