Санкционирани 251 непрописно паркирано возило во Центар

22

Јавното претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“ и Општина Центар во соработка со сообраќајната полиција изминатата седмица санкционирале 251 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

Како што информираат пд ЈП ПОЦ, во периодот од 26.09. до 02.10.2022 година, со помош на нивните специјални возила „пајак“ биле отстранети 126 непрописно паркирани возила, а со поставување на „блокатор“ биле санкционирани 125 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани.

ЈП ПОЦ и Општина Центар секојдневно водат грижа за да го доведат во ред сообраќајниот хаос настанат од непрописно паркираните возила на територијата на Општина Центар. При тоа, потсетуваат на почитување на сообраќајните правила од страна на секој учесник во сообраќајот со цел одржување на ред и безбедност на улиците.