Санкционирани 158 непрописно паркирани возила

91

Вкупно 158 непрописно паркирани возила минатата недела го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот во Општина Центар при што се санкционирани од ЈП ПОЦ и Општина Центар во соработка со сообраќајната полиција.

– Во периодот од 29 јуни до 5 јули 2020 година, со помош на пајак-возила отстранети се 76 непрописно паркирани возила, а со поставување на блокатор санкционирани се 82 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани – информираат до ЈП ПОЦ.