САД се предомислија, го повлекуваат зголемувањето на царините на кинески стоки

60

САД одлучија да го суспендираат зголемувањето на таксите за увоз на кинеска стока во вредност од 250 милијарди долари, а Кина се согласи да купи американски земјоделски производи вредни меѓу 40 и 50 милијарди долари, бидејќи двете земји постигнаа примирје во 15-месечната трговска војна.
Двете најголеми светски економии за натамошни преговори го оставија решавањето на најтешките прашања, во кои спаѓаат и американските обвинувања дека Кина врши притисок врз други држави да и ги дадат технолошките тајни во замена за пристап на кинескиот пазар.
Таксите за увоз на кинеска стока, во вредност од 250 милијарди долари, требаа да бидат зголемени утре од 25 на 30 отсто.