Норвешкиот ракометен интернационалец Сандер Сагосен, се уште ги држи во неизвесност германскиот гигант Кил и неговиот матичен клуб Колшта Хендбол, кој сака да изгради меѓународно конкурентен тим со финансиски силен партнер. Наводно, буџетот на норвешкиот тим во наредните две години ќе биде седум милиони евра.

Токму затоа Сагосен се уште им нема одоговрено нитуна Кил, кој му понуди нов догвоор, ниту на Колштад, кој сака тој да биде нивната најголема ѕвезда во иднина, поточно уште од наредната сезона.

-Се уште не знам, се уште немам ништо одлучено. Со Кил имам догвор до 2023 година Мислам дека се уште е рано да одлучам какде ќе ја продлжам кариерата. Дотогаш ќе се обидам да уживам во играта за Кил , изјави 26 – годишниот норвешки ракометар и воедно нагласи:

-Секако, морам да одлучам наскоро. Од почит кон проектот во Норвешка, морам да одлучам дали ќе ја прифатам нивната понуда. Исто важи и за Кил, така што тогаш клубовите ќе можат да си најдат друг играч. Сно јас сакам да играм со моите карти на маса. Со сета почите кон норешката лига – но тоа не е исто како во Германија. Јас не сакам да разочарам ниедна од двете страни, но тоа нема да биде можно, бидејќи наскоро ќе мора да одлучам каде ќе ја продолжам кариерата, заврши Норвежанецот.