Сè е подготвено за венчавка: Џеј Ло и Бен Афлек тајно застануваат пред олтар?!

589

Сè е подготвено за венчавката на музичката дива Џенифер Лопез и актерот Бен Афлек, или така тврди „Woman’s Day“. Во најновото издание, списанието наведува дека парот наскоро планира венчавка во Мајами.

Дека подготовките се при крај сведочи и фактот дека пејачката веќе ги избра деверушите за денот кога ќе му каже судбоносното „да“ на актерот.

Според извор за споменатиот медиум Џеј Ло не се двоумела премногу за тоа кои девојки ќе блеснат во улоги на деверуши на венчавката.

„Венчавката е целосно подредена на семејството, така што Џен и Бен сакаат целото семејство да биде вклучено во овој голем ден. Џенифер одлучи дека деверуши ќе бидат нејзината 12-годишна ќерка Ема, како и ќерките на Бен, 15-годишната Виолет и 12-годишната Серафина “.

„Таа не ги заборави ниту синовите, нејзиниот 12-годишен Макс и деветгодишниот Самуил на Бен, кои исто така ќе имаат посебни улоги на венчавката“, изјави извор за медиумите, додавајќи дека кумот на Бен за венчавка треба да биде неговиот помлад брат, КејсиАфлек, исто така актер.

Покрај наведените, на венчавката треба да присуствува нејзиниот поранешен сопруг, музичарот Марк Ентони, како и нејзиниот татко, кој треба да ја однесе до олтарот.

„Woman’s Day“ наведува дека покрај Мајами, двојката ја разгледува и опцијата за венчавка во Санта Барбара, а Лопез е решена венчавката да ја одржи во црква.

За потсетување, гласините за обновена романса по 17 години започнаа пред неколку недели кога папараците ги снимија Џеј Ло и Бен на романтичен викенд.

Иако официјално не ја објавија својата врска, веќе не се ни обидуваат да се сокријат, па во неколку наврати досега се снимени како разменуваат нежности во јавноста.