epa10349202 International Olympic Committee (IOC) President Thomas Bach attends the opening of an Executive Board meeting at the Olympic House in Lausanne, Switzerland 05 December 2022. EPA-EFE/DENIS BALIBOUSE/POOL SWITZERLAND OUT

Меѓународниот олимписки комитет (МОК), најави дека сака повторно вклучување на руските и белоруските спортистите во меѓународните натпреварувања, вклучувајќи и настап на Олимписките игри 2024 во Париз.

Претседателот на МОК, Томас Бах, на прес-конференција во Лозана рече дека на таа тема опширно разговарал за време на тридневното заседание на Извршниот одбор на највисоката светска спортска институција.

„Олимпиското движење мора да биде силата која ќе обединува, а не таа која ќе разединува. Мораме да изнајдеме начини како да ја надминеме оваа ситуација и да останеме верни на својата мисија. Санкциите ќе останат на сила, но мораме да го заштитиме интегритетот на меѓународните натпреварувања. Во меѓународните натпреварувања мора да важат начелата на право и правичност за сите“, изјави Бах.

Откако на 24 февруари оваа година почна руската инвазија врз Украина, МОК им препорача на меѓународните федерации да забранат настап на руски и белоруски спортисти.