Руски хакери се обидуваат да ги саботираат претставниците на Украина на Евросонг

291

Руски хакери се обидуваат да ги саботираат украинските претставници на годинашниот Евросонг, објави Дејли Мејл.

„Килнет“, група која го поддржува Путин, на апликацијата на Телеграм се закани дека ќе ги блокира онлајн серверите за гласање за Украина да не добие поддршка од јавноста на натпреварот за песна на Евровизија.

„Не можете да гласата онлајн. Можеби за се е виновен нашиот ДДОС напад“ – напишале „Килнет“ во објавата.

Фолк-рап група Калуш Оркестра која ја претставува Украина на Евросонг,  станува се попопуларна по руската инвазија на нивната земја во февруари годинава, а на Русија и беше забранет настапот на Евросонг.

Еден од организаторите на Евросонг наведе дека нема причини за загриженост поради овие обиди за онлајн-саботажа на украинската песна.

“Постојат бројни сигурносни мерки кои ја штитат нашата публика од било какви надворешни влијанија. Се разбира, така ќе биде и годинава“ – велат организаторите.