Руски научник убеден дека вонземски живот постои, само што ние ги бараме на погрешен начин

172

Александар Панов, главниот истражувал во Истражувачкиот институт за нуклеарна физика на Московскиот државен универзитет, посветил години трагајќи по вонземски облици на живот.

Панов верува дека единствениот начин за воспоставување контакт со вонземски облици на живот е тоа стручњаци и истражувачи од различни сфери да се обединат и да работат на тоа заедно.

Тој во скорашно интервју се пожалил не недостиг од интеракција меѓу истражувачите вклучени во потрага по биолошки живот и оние кои трагаат по интелигентен живот во вселената, и ги повика на соработка и здружување на ресурсите на тие два сектори, кои суштински имаат иста цел – пронаоѓање вонземјани.

Се разбира дека не сме сами. Прашањето не е дали постојат, туку каде, истакнал Панов, како што пренесува „Раша тудеј“.

Додека некои научници и астрономи трагаат по планетите вон Соларниот систем, има и такви кои ги истражуваат атмосферите на планетите во потрага за биолошки сигнали, а постојат и оние кои бараат сигнали од вонземско потекло. Меѓутоа, Панов вели дека соработката меѓу тие групи истражувачи речиси и да не постои.

Тој смета дека методите на идентификација на големите ѕвезди и набљудувањето на нивните планети се во основа погрешни, бидејќи не се доволно темлни.

„Дури е можно на некоја планета во нашата галаксија да постои високо развиена цивилизација, која може да испраќа пораки во вселената, ама, како нас, нема енергетски можности контролирано да ги емитува до сите ѕвезди во опкружувањето, објаснува Панов.

Наместо емитување сигнали во една насока во кратки интервали, тој прелага непрекинато скенирање на целото небо, користејќи ја мрежата приемници низ целата планета, ама дека е свесен дека и тоа има свои недостатоци.

Тој вели дека астроархеологијата е исклучително важна, бидејќи би можела да утврди дека вонземјаните не посетувале во изминатите милиони години. Тој напоменува дека фотографии од Месечината со висок квалитет се од суштинска важност за истрагата за нашето потенцијално вонземско минато.

Како што кажал, – досегашните воочување на неидентификувачките летечки објекти не му биле убедливи и верува дека тие феномени можат да се објаснат поинаку.

Тој верува дека комуникацијата меѓу цивилизациите е можна, ама и дека не е секогаш двонасочна, бидејќи постои можност некои древни цивилизации да го складирале своето знаење во некој вид космички виртуелен простор, кој можел да опстане, иако тие изумреле.