Руски активисти: Армијата регрутира доброволци за војна во затворите, им ветува слобода

152

Руските затвори регрутираат доброволци да се борат во Украина, а за возврат добиваат ветување за слобода, тврдат руските активисти.

Осомничените и приведените се регрутираат со ветување дека во замена ќе добијат слобода или прекин на тужбата, рече Олга Романова, руска активистка со адреса во Берлин, наведувајќи примери од затворите во московскиот регион.

„Но, мислам дека почна секаде“, вели Романова, експерт за правата на затворениците во нејзината татковина.

Москва зависи од доброволци бидејќи се уште не е започната општата мобилизација за војната во Украина.

Фактот дека во многу делови на Русија властите објавуваат огласи за учество во војната покажува дека руската армија веројатно има недостиг од жива сила,пренесува Индекс.хр

Руските градови и региони во моментов формираат свои баталјони.

Во рускиот судски систем, речиси сите обвиненија резултираат со осуда, што значи дека на осомничените им се нуди избор помеѓу одење во затвор или војна.

Основачот на порталот Gulaga.net, проект чија цел е борба против насилството во руските затвори, го потврди таквото регрутирање низ Русија. Доказ за таквата практика доаѓа од Санкт Петербург, Рјазан, Твер и Брајанск, изјави Владимир Осечкин.

За регрутирање во затворите од јули пишува и рускиот медиум „Медуза“, кој тврди дека тоа го врши платеничката војска Вагнер.

На затворениците, наводно, им се нуди месечна плата од 100.000 рубљи (околу 1.600 долари), како додаток на надоместоци, исплати на семејствата во случај на смрт и амнестија.