Русија во петокот употреби вето да го спречи усвојувањето на резолуцијата на Советот за безбедност со која се осудува анексијата на четири украински региони, додека Кина и уште три земји беа воздржани.
Текстот кој го подготвија САД и Албанија доби 10 за, со воздржани четири земји – Кина, Индија, Бразил и Габон.
Русија единствена гласаше против резолуцијата.
Амбасадорката на САД во ОН Линда Томас-Гринфилд ја претстави резолуцијата со која ги повикува земјите членки да не признаваат каков било сменет статус во Украина и бараат од Русија да ги повлече своите трупи.
Вашингтон сигнализираше дека по Советот за безбедност текстот ќе биде претставен до Генералното собрание, каде што ниту една од 193 држави нема право на вето.
Русија во петокот анектираше четири украински региони, што западните земји го осудија.