Румеса ја победи болеста и здрава се врати дома во Косово

61

– Во ова време кога сите стравуваме за своето и здравјето на децата, на нашите најблиски, не е сè така неизвесно и лошо. Денес се радуваме на една прекрасна херојка, има супер вест. Нашата пациентка Румеса, здрава ја праќаме дома. Таа ја победи леукемијата и срамежливо заѕвони на нашето ѕвонче, Драга наша Румеса, нема веќе боцкања и страв, само напред, се вели во известувањето од Детската клиника

Малата Румеса е хероината на Детската клиника во Скопје. Оттаму на Фејсбук информираа дека девојчето кое се лекувало кај нив, ја победило тешката болест и во понеделникот здрава се вратила дома во Косово.

– Во ова време кога сите стравуваме за своето и здравјето на децата, на нашите најблиски, не е сè така неизвесно и лошо. Денес се радуваме на една прекрасна херојка, има супер вест. Нашата пациентка Румеса, здрава ја праќаме дома. Таа ја победи леукемијата и срамежливо заѕвони на нашето ѕвонче, Драга наша Румеса, нема веќе боцкања и страв, само напред – се вели во известувањето од Детската клиника.

Таа со своите родители си заминала во Косово, но поради протоколите за заштита од коронавирусот, десет дена ќе бидат задржани во карантин.

Фотографиите на малата Румеса се постирани на фејсбук-страницата на Детската клиника и истите, како што велат оттаму, се објавени со одобрение на родител.