Руиз е летен приоритет

100

Шпанскиот гигант Реал (М) важи за апсолутен фаворит кога е во прашање потписот на одличниот играч за врска од редовите на италијанскиот калчолигаш Наполи, Фабијан Руиз.

Шпанскиот интернационалец има статус на стандарден првотимец кога е во прашање актуелната сезона, а интерес за неговите услуги покажа и најголемиот ривал на „кралскиот клуб“, тимот на Барселона. Големата желба на Реал (М) може да стане реалност само доколку официјалната понуда за Руиз не биде помала од 70 мил. евра.